Невестинска шминка

На денот кога секој детал треба да биде совршен, невестинската шминка е тука да ја истакне вашата природна убавина, да ви даде самодоверба и да ви овозможи да се чувствувате прекрасно на вашиот најважен ден.

Работам со висококвалитетна професионална козметика од брендови како Dior, Patrick Ta,Haus Labs, NARS, Huda Beauty и други, како и со дерматолошки тестирани производи погодни за различни типови кожа.

Шминката е внимателно креирана за да обезбеди долготраен и беспрекорен изглед — со издржливост до 24 часа, без размачкување и без избледување во текот на целиот ден.

Изработката на невестинската шминка трае 90–120 минути, во зависност од индивидуалните желби и барања на невестата, како и од комплексноста и техниката која се изработува.

Секоја невеста добива и Bridal Touch-Up Kit, со мини beauty sponge, мини кармин во користената нијанса и дополнителни essentials за одржување на шминката во текот на денот.