do your own makeup-training

Професионална, елегантна и долготрајна шминка, креирана според вашите црти, стил и посакуваниот изглед за матурската вечер.

За подготовка на кожата се користат производи погодни за вашиот тип на кожа како и козметика од брендови како Dior, Patrick Ta, Charlotte Tilbury, NARS, MAC и други внимателно избрани производи, за беспрекорен, свеж и фотогеничен финиш.

Во зависност од посакуваниот изглед, достапен е избор помеѓу индивидуални или целосни трепки, за суптилен или понагласен ефект.

Во услугата е вклучено и професионално шминкање на деколтето, со специјално избрани производи кои не се пресликуваат и не оставаат траги на фустанот.

Целта е да добиете префинет, свеж и долготраен изглед во кој ќе се чувствувате прекрасно во текот на целата вечер.