1. Доцнење на термин

Се дозволува доцнење 10-15 минути. По истекот на тоа време, терминот ќе биде откажан и клиентката ќе биде вратена.

2. Депозит

Сумата на депозит изнесува 25% од целокупната сума на услугата.Депозитот го оставате при самото закажување на вашиот термин. Доколку немате оставено депозит при закажувањето, терминит ќе биде откажан. При целосното наплаќање на сумата, депозитит ќе биде одбиен од вкупната цена.

3. Враќање на депозит

Дадениот депозит не се враќа!
Депозитот служи за потврда и обезбедување на резервираниот термин. Со самото резервирање, терминот се издвојува исклучиво за вас и повеќе не е достапен за други клиенти.
Во случај на откажување, особено во краток рок, постои можност терминот да остане неискористен и да нема доволно време да биде пополнет со друг клиент. Поради тоа, уплатениот депозит не се враќа, бидејќи претставува потврда на резервацијата и го покрива времето и организацијата поврзани со резервираниот термин.

4. Онлајн закажување

Сите резервации се закажуваат исклучиво онлајн преку нашата веб страна. Нема опција за закажување телефонски или по порака.

5. Плаќање

Плаќањето за услугите во студиото се врши исклучиво во готово (кеш). Во студиото не се врши наплата со картичка.

6. Нега на лице

Дојдете со чисто лице ( без шминка ) и без нанесени креми/масла непосредно пред терминот. Доколку имате чувствителна кожа, алергии или специфични барања - задолжително информирајте пред терминот.

Подготвени да заблескате за вашиот следен настан?

Резервирајте го вашиот термин навремено и препуштете се на професионално мејкап искуство.